За нас

Пинг е агрегатор на е-содржини кои се собираат автоматски преку претходно задавање на РСС фидови до веб-сајтови или тематски посебни делови од нив. Во моментов постои голема база на зададени извори за Македонија кои секојдневно агрегираат нови содржини, а корисниците и самите можат да пријавуваат и фидови, но и линкови до поединечни написи, фотографии, видео содржини и сл. и да ги сместуваат во соодветни групи (категории).

Покрај собирањето на сите видови содржини, овој веб-сајт има една дополнителна вредност – можност за гласање од страна на регистрираните корисници со што линковите до најпопуларните содржини, фер и демократски избиваат меѓу првите.

Она што го разликува овој сервис од останатите е тоа што тој обединува содржини од секаков тип на локални веб-сајтови, а негова основна намена е промовирање на алтернативните извори на информации кои нудат квалитетни анализи или издржани мислења, од индивидуални блогови, преку веб-сајтови на организации и портали, до било кој вид на нови медиуми.

Корисниците на сервисот придонесуваат со гласање и посетување на поставените линкови, како и со поставување на нови извори и нови содржини. Со функциите за групи се отвора можност за создавање заедници врз основа на заеднички интерес за дадена тема, географска област (општина, населено место, маало), или во рамки на движења за граѓански активизам.

Пинг.мк е слободен софтвер, изработен врз основа на Друпал и Редит, и нуди низа дополнителни алатки за поврзување според принципите на Web 2.0.

Најдобрите содржини имаат шанса да бидат избор на уредниците и да се најдат на левата страна на почетната страница, со што истите добиваат можност за поголема промоција и општествено влијание.

Контакт со редакцијата на Пинг може да остварите преку формуларот подолу: