ЧПП

Често поставувани прашања

1. Основи
1. Што е ping.mk?
2. Што значи името „ping“?
3. Дали секој може да поднесе линк?
4. Како се пресметуваат поените на еден поднесен линк?
5. Зошто понекогаш се појавува точка на местото каде треба да стои бројот на поени?
6. Направив грешка при внесувањето на насловот за поднесениот линк, како можам да поправам?
7. Што значи бројот што стои до корисничките имиња? Што е карма?
8. Зошто треба да се обидам да соберам карма?
9. Што можам да направам за корисниците да ги забележат моите поднесени линкови?
10. Дали ping.mk е достапен и на други јазици освен на македонски?
11. Кој го администрира ping.mk?
12. На кој член на персоналот треба да му пишам, доколку имам проблем или прашање?
2. Коментирање
1. Дали постои упатство за синтаксата на коментарите на ping.mk?
2. Што значи појавувањето на ѕвезда до коментарот?
3. Поединечни групи
1. Што се групи?
2. Како можам да најдам и да се зачленам во групи?
3. Дали која било група има сопствен дел за Често поставувани прашања?
4. Модератори
1. Што е модератор?
2. Како се станува модератор?
3. Како да знам кој е одговорен за модерирање на одредена група?
4. Каде можам да најдам повеќе информации околу модерирањето?
5. Спам, мамење и слично
1. Зошто не се појавува линкот / коментарот што го поднесувам?
2. За што служи копчето „пријави“?
3. Што се случува кога нешто се пријавува?
4. Што претставува мамење?
6. Стручни прашања
1. Каков код е користен за развој на ping.mk?
7. Нешто на што не одговоривме?

Основи
Што е ping.mk?
Ping.mk е извор за она што е ново и популарно на интернет.
Корисниците како вас ги обезбедуваат сите содржини и одлучуваат преку гласање, што е добро (), а што не ().
Линковите кои ги одобрува заедницата се искачуваат кон број еден, така што почетната страница е постојано во движење и (се надеваме) исполнета со свежи, интересни линкови.

Дали секој може да поднесе линк?
Да – сè што ви треба е кориснички налог!

Како се пресметуваат поените на еден поднесен линк?
Поените на еден поднесен линк се всушност бројот на гласови ЗА, минус бројот на гласови ПРОТИВ.  Доколку на пет корисници им се допаѓа поднесената содржина, а на тројца не им се допаѓа, линкот ќе има 2 поени.

Зошто понекогаш се појавува точка на местото каде треба да стои бројот на поени?
Поените не се прикажуваат во првите неколку часа по поднесувањето на линкот.  Тоа се прави со цел да се намали ефектот на собирање на гласови за линк кој веќе има голем број гласови.

Направив грешка при внесувањето на насловот за поднесениот линк, како можам да поправам?
Насловите на поднесените линкови не може да се менуваат.  Меѓутоа, можете едноставно да го избришете и повторно да го поднесете. Колку побрзо го направите ова, помалку веројатно е дека ќе изгубите гласови или коментари.

Што значи бројот што стои до корисничките имиња? Што е карма?

Бројот до корисничкото име се нарекува „карма“ на корисникот. Тој број покажува колку корисникот има направено за заедницата на ping.mk. Најдобар начин да се стекне карма е да се поднесуваат линкови кои им се допаѓаат на другите луѓе и за кои тие луѓе гласаат, иако нема да добиете карма со мислења што ги поставувате за себе.

Зошто треба да се обидам да соберам карма?
Зошто да се обидеш да постигнеш поени во видео игра?
Зошто твојот омилен спортски тим треба да се обиде да победи во првенството?

Или, гледајте на работите од една помалку конкурентна и несебична перспектива, прочитајте што велат филозофите за ова прашање – имено, не насочувајте се кон собирање карма, туку едноставно бидете добра личност, и оставете вашата карма да биде потсетник за вашиот придонес. Забелешка: Ping.mk не гарантира дека ќе постигнете душевно блаженство.

Што можам да направам за корисниците да ги забележат моите поднесени линкови?
Дали се сеќавате на поговорката „Не суди за книгата според кориците“?  Всушност, никој не се раководи според неа.  Затоа внимателно изберете го насловот – нека биде корисен, нека обезбедува контекст и нека биде доволно описен.  Но бидете внимателни, ако сте премногу агресивни тоа би можело да се одрази негативно.  Фрази како што се „Гласајте за овој напис за да дознаат сите“ или „НЕВЕРОЈАТНО“ најчесто им одат на нерви на повеќето корисници на ping.mk, кои ќе се погрижат вашиот линк да биде меѓу оние со најмалку гласови.