adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd racer core black solar pink adidas nmd racer solar pink release date adidas nmd racer solar pink adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd r1 linen camo releasing soon adidas nmd r1 primeknit linen khaki releases may adidas nmd r1 stlt linen cq2030 release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink lifestyle look adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date

#ДевојкиНаВелосипеди: Жените возат велосипеди за да го вратат јавниот простор во Пакистан


Оригинален напис: Global Voices на македонски на 02-05-2018.

Девојки на велосипеди го враќаат јавниот простор. Слика од Хасан Хаидар од страната „Девојки во Дабас“ на „Фејсбук“. Искористена со дозвола.

На 1 април 2018 год. беше организиран велосипедски собир во големите градови во Пакистан (Исламабад, Лахор, и Карачи) од страна на проминентниот пакистански женски колектив „Девојките во Дабас“. Собирот „Девојки на велосипеди“ беше нивниот трет годишен настан за промоција на учеството на жените на јавни настани, борбата против забраните со кои се соочуваат жените на јавните места и да ја зголемат свеста за проблемите со кои тие се соочуваат.

Прочитајте повеќе:  Жените од Пакистан го враќаат јавниот простор, чекор по чекор.

Во мај 2015 год. девојките од Карачи, Садија Катри и Наташа Ансари, почнале да го користат хаштагот #ДевојкитеВоДабас [#GirlsAtDhabas] како простор за споделување слики од жените на „Тамблр“. Хаштагот се проширил кога стотици жени низ Јужна Азија почнале да споделуваат слики од себеси во даби (кафулиња покрај патиштата) на „Твитер“ и „Тамблр“, отпочнувајќи разговор за безбедни места за жените. По ова, настана и колективот.

„Собир: Девојки на велосипеди“ постер од „Девојки во Дабас“. Слика од „Фејсбук“-страницата за настани на групата.

На страницата за настани oд овогодинешниот велосипедски собир „Девојките во Дабас“ напишаа:

Through this annual event, we aim to challenge the existing mindset that it is inappropriate for a female or a gender non-conforming person to be out and about on her own. We wish to encourage each other to participate in this collective movement to assert our right to navigate public spaces on our own terms.

„За време на овој годишен настан, целта ни е да го предизвикаме постоечкото мислење за тоа како е несоодветно за жена или за родово неопределена личност да шета сама. Сакаме меѓусебно да се охрабриме да учествуваме во ова колективно движење за да го вметнеме нашето право да го управуваме јавниот простор на наш начин.“

Неколку жени се видени како возат низ улиците на Карачи, Лахоре и Исламабад со слогани против патријархатот и нееднаквоста. „Девојките во Дабас“ твитнаа:

Вчера беше прекрасно. Имаше 70 велосипедисти во Исламабад, уште 70 во Лахоре и 30 во Карачи. #GirlsOnBikes [Девојки на велосипеди]

Беа забележани постери со слогани како „Преку глава ни е од патријархатот“ и „Вози за борба против патријархатот“. „Шоубиз енд њуз“ твитнаа:

Лизгајте понатаму за да ги видите девојките на велосипеди на улиците додека го враќаат јавниот простор и го нормализираат возењето велосипеди кај девојките. Браво за сите дами што дојдоа да ја поддржат иницијативата. #GirlsOnBikes [Девојки на велосипеди]

Набргу потоа, луѓето го изразија своето мислење со хаштагот #GirlsOnBikes [Девојки на велосипеди], правејќи го тренд на друштвените мрежи. Загрижен за иднината на жените во јавниот простор еден нетизен твитна како знак за поддршка:

Се надевам дека собирот Девојки на велосипеди ќе помогне да се нормализира појавата на жени на велосипеди во Пакистан. Осетив како да видов области од мојот град за прв пат. Беше сон, да можам да возам велосипед на патиштата по кои секојдневно патувам во коли или рикши. И уште еднаш, браво за сестринството за тоа што се држат заедно. #GirlsOnBikes [Девојки на велосипеди]

Бенџе Вилијамс, извршниот директор на Академија Амал твитна:

„Да ги одминеме покажувањата со прст и зјапањата, над прекршителите на брзината и спорите ленти на животот, низ средните и брзите ленти, на надвозниците и до бесконечноста и над неа.“ #girlsonbikes [Девојки на велосипеди] #lahore [Лахоре]

Пејачката Меша Шафи твитна:

Каква само ослободувачка недела беше ова, да се вози со овие воинки низ истите улици низ кои ме допирале, малтретирале, извикувале и зјапале во минатото! Епа погодете што, вашето време истече !!! Девојки на велосипеди вратете го јавниот простор браво за @girlsondhabas за третата годишна собиранка!  #girlsonbikes [Девојки на велосипеди] #reclaimpublicspaces [Вратете го јавниот простор]

На „Фејсбук“-страницата на „Девојките во Дабас“ има многу охрабрувачки слики од учесничките, од најмлада до најстара, во различни градови од Пакистан:

Велосипедисти од сите возрасти возат во знак на солидарност – од „Фејсбук“-страницата на „Девојките во Дабас“. Искористено со дозвола.

Во Исламабад, Пакистан од „Фејсбук“-страната на „Девојките во Дабас“. Искористено со дозвола.

Во Лахоре, Пакистан од „Фејсбук“-страницата на „Девојките во Дабас“. Искористено со дозвола.

Собирот исто така прими критики од некои корисници на социјални мрежи кои веруваат во дефинирани родови улоги и порачаа дека собирот е западен тренд. Момина Кан твитна:

Главата ме боли од овој нов тренд девојки на велосипеди. Нашата генерација е толку зафатена со докажувањето дека жените можат да направат сè што може мажот, што самите ја губат својата уникатност. Жените не се створени да прават се она што прави мажот. Жените се створени да го прават се она што мажот не може да направи. #girlsonbikes [Девојки на велосипеди]

Прочитајте повеќе: Aурат Марш (Марш на жените) го одбележува отпорот против мизогинијата во Пакистан

Пакистан е патријахална земја каде јавниот простор не се смета за место за жени. Сѐ уште во земјата нашироко се верува во стереотипот дека е несоодветно за жените да заземаат јавни места. Но, како што гледаме од собирот „Девојки на Велосипеди“, движења кои ја бараат можноста за зафаќање јавни места и добивање еднакви социјални, политички, економски и репродуктивни права почнуваат да привлекуваат внимание.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock