adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd racer core black solar pink adidas nmd racer solar pink release date adidas nmd racer solar pink adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd r1 linen camo releasing soon adidas nmd r1 primeknit linen khaki releases may adidas nmd r1 stlt linen cq2030 release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink lifestyle look adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date

Најголемиот бразилски весник го напушта Фејсбук и го обвинува за штитење на „лажните вести“


Оригинален напис: Global Voices на македонски на 14-02-2018.

Во јануари од „Фејсбук“ изјавија дека корисниците ќе добиваат помалку содржини објавени од страниците – вклучително и брендови и медиуми – на нивните почетни страници, а ќе ги фаворизира објавите од пријателите. Слика: „Пиксабеј“ CC0

Еден од најголемите и највлијателните бразилски весници реши да се побуни против „Фејсбук“ со тоа што прекина да објавува содржини на својата страница, која брои приближно шест милиони следбеници.

Овој потег, објавен во статија налик едиторијал на 8 февруари, можеби е прв од ваков вид за страница на важен медиум со толку многу следбеници. Останува да видиме дали други големи медиуми ќе ги следат чекорите на „Фоља“.

Медиумскиот конгломерат „Фоља д Сао Паоло“, кој продава околу 300,000 копии во печатена и дигитална форма, изјави дека одлуката се должи на неодамнешната промена на почетните страници на корисниците од страна на „Фејсбук“, со која се намалува бројот на содржини објавени од „Фејсбук“ страници, а за сметка на тоа се фаворизираат објавите на пријателите и членовите на семејството.

Во статијата се вели:

[The current newsfeed] underscores the tendency of the user to consume content with which they have affinity, favoring the creation of opinion bubbles and spread of fake news.

[Актуелниот изглед на почетната страница] ја подвлекува тенденцијата на корисникот да консумира содржини кон кои има афинитет, а со тоа го фаворизира создавањето затворен круг на мислење и ширењето лажни вести.

Покрај главната „Фејсбук“ страница, другите страници на индивидуалните секции на „Фоља“ имаат дополнителни 2,2 милиони следбеници. „Фоља“ не планира да се ослободи од тие страници, туку вели дека отсега натаму нема да ги ажурира. Последната објава на страницата е статијата за напуштањето.

Од „Фоља“ изјавија дека ќе продолжат да ги ажурираат сметките на „Твитер“ (со 6,2 милиони следбеници), „Инстаграм“ (727,000 следбеници) и „Линкдин“ (72,000 следбеници).

За оние Бразилци кои добиваат најголем дел од вестите преку „Фејсбук“ ова ќе значи дека нема да добиваат вести од „Фоља“ во иднина. Во едиторијалот исто така стои дека „Фејсбук“ ја изгубил својата еминентна положба меѓу своите платформи за дистрибуција уште пред најавата за промените во алгоритамот. Во студијата спроведена од „Фоља“, која ги анализираше интеракциите на 51 „Фејсбук“ страница на професионални медиуми и 21 страница на „лажни или сензационалистички вести“, покажа дека интеракцијата на корисниците со првата група паднала за 17% во периодот октомври до декември 2017 година. Интеракциите со другата група („лажни или сензационалистички вести“), пак, пораснала за 61% во истиот период.

Сепак, извршниот уредник на „Фоља“, Сержио Д’Авила, во интервју за „Д Гардијан“ изјави дека промената на алгоритамот на „Фејсбук“ била „одлучувачкиот фактор“:

In effectively banning professional journalism from its pages in favour of personal content and opening space for “fake news” to proliferate, Facebook became inhospitable terrain for those who want to offer quality content like ours.

Во делотворната забрана на професионалното новинарство од своите страници која оди во прилог на личните содржини и отвора простор за размножување на „лажните вести“, „Фејсбук“ стана негостопримлив терен за оние кои сакаат да понудат квалитетни содржини како нашите.

Немирот околу „лажните вести“ и погрешните информации на големо се забележува во Бразил пред претседателските избори закажани за септември 2018. Ова ќе биде прво гласање по контроверзниот импичмент на претседателот Дилма Русеф од Работничката партија во 2016.

Во почетокот на декември 2017, бразилската влада состави комисија за вршење мониторинг и евентуално издавање наредби за блокирање погрешни вести од друштвените медиуми пред претстојните избори. Оваа вест го крена нивото на загриженост за цензура кај јавноста.

Основан во 1921 година, а од 1962 е во сопственост на семејството Фриас, чии корени водат до бразилската колонијална аристократија од 19 век, весникот „Фоља д Сао Паоло“ е генерално перцепиран како најлибералниот центарско-десничарски традиционален медиум во Бразил, иако е сѐ уште поврзуван со поконзервативните делови на бразилското општество.

Долго беше обвинуван за соработка со воениот режим кој владееше во Бразил од 1964 до 1985 за време на која дури ги позајмувал своите автомобили на полицијата. Весникот ги негира овие наводи. Во 2009 година, еден едиторијал го нарекува воениот режим „дитабранда“ што значи „кротка диктатура“ во споредба со другите режими во Латинска Америка од тоа време и предизвика бес во јавноста која излезе на протест пред канцелариите на весникот.

За време на протестите во 2013 година, известувачот на „Фоља“ Џулиана Валоне беше погодена со гумен куршум во окото истиот ден кога „Фоља“ објави едиторијал во кој ги брани методите за справување на полицијата. Распространетоста на фотографијата од Валоне со крваво око на друштвените мрежи беше главна пресвртна точка во протестите – и настан кој ги натера медиумите да почнат да ги поддржуваат протестите.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock