adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd racer core black solar pink adidas nmd racer solar pink release date adidas nmd racer solar pink adidas nmd racer hot pink cq2442 release info adidas nmd racer cq2442 cq2032 release date adidas nmd racer solar pink cq2442 adidas nmd racer colorways release date adidas nmd racer primeknit colorways release dates adidas nmd r1 linen camo releasing soon adidas nmd r1 primeknit linen khaki releases may adidas nmd r1 stlt linen cq2030 release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink lifestyle look adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink adidas nmd r1 primeknit stlt solar pink release date

Околу Altered Carbon серијата


Оригинален напис: Crapwerk на 05-02-2018.

Со сè уште тазе впечатоци од книгата, деновиве ја изгледав Altered Carbon серијата која од минатиот петок е достапна на Нетфликс. Поради ланското разочарување со The Punisher малку бев загрижен околу третманот на Нетфликс кон некои изворни материјали. Меѓутоа, овде и покрај очекуваната креативна слобода што продуцентите си ја дозволиле, крајниот резултат е сосема солиден и компактно спакуван во десет епизоди. Еден од стравовите ми беше да не се полакомат и да ја расцепкаат приказната на две или повеќе сезони. Исто така, уште ми е рано да повлечам цврста линија помеѓу идеите на Морган кои сега живеат на различни медиуми, па во оваа прилика нема да можам лесно да ги избегнувам ситните споредби, ама ќе се потрудам барем спојлерите за книгата да ги сведам на минимум.

Altered Carbon се случува во далечна иднина каде што свеста е дигитализирана, па по смртта на оргиналното тело постои опција да го продолжиш животот во друго. Секако, освен ако не си осуден за криминал поради кој издржуваш вековна казна во мирување, сиромав плебеец или религиски фанатик кој одбива нов живот. Безобразно богатите пак, не само што живеат стотици години, туку имаат и клонови од нивните оргинални тела. Додека не сум почнал да си го препишувам постот за книгата и овде, ќе забележам само дека серијата не губи џабе време да ги излупи првите слоеви од светот во кој егзистира.

Таа експозиција доаѓа рано и културно, па во моментот кога ќе сфатиш каде се наоѓаш, Такеши Ковач веќе почнал да се занимава со мистериозната смрт на Лоренс Бенкрофт. Паралелно на тековните настани низ грозниот неонски Беј Сити и неговите сомнителни курварници, серијата го надополнува ликот на Такеши Ковач со постојани флешбеци од неговите рани милитантни денови во оргиналното тело. Претпоставувам за да ја поврзе публиката и со Ковач кој изгледа различно од Џоел Кинаман, во случај Нетфликс да ја продолжи серијата со адаптирање и на другите книги од трилогијата.

Тука веројатно е и најголемата промена која не само што малку го менува минатото на Ковач и намената на неговата единица, туку му создава и цврсти врски со ликови кои во книгата се прилично мали и му влијаат на многу поинаков начин. Со тоа е изменет и главниот мотив кој подоцна е одговорен за пресвртот во истрагата на убиството на Бенкрофт. Во серијата е горе-доле функционално, меѓутоа различниот емотивен контекст кој е присутен во книгата ми беше многу поубедлив. Реално, серијата не страда којзнае колку многу од ова, но сепак има моменти каде што оргиналната замисла за Ковач би се вклопила посоодветно.

А, кога сме кај работи што се вклопуваат соодветно, дури и повеќе отколку што можев да си замислам – тоа е По, персонификацијата на хотелот со вештачка интелигенција кој се вика “Гавранот”. Во книгата хотелот е инспириран од Џими Хендрикс, но претпоставувам дека не успеале да ги обезедат правата за неговиот лик, па не само што се решиле да одат со нешто што (мислам дека) е јавна сопственост, туку и го направиле интегрален дел од приказната како верен помошник на Ковач. Ова е фин пример каде што таа креативна слобода е искористена адекватно и придонесува за настаните на различни начини, наместо да изгледа насилно напикано. По е една од најсветлите точки во цела серија и мислам дека сега не би можел да си ја преставам приказната без него, па можеби затоа и простив неколку други ликови кои воопшто ги нема или нивните елементи се споени во еден.

Стилистички Altered Carbon изгледа баш онака како што очекував, понекогаш дури и ја надиминува мојата имагинација. Градот е дождлив, мрачен, преполн со светлечки реклами и отпадоци, онака баш по стандардите кои ги воспоставил Ридли Скот и се де факто реферетна точка за жанрот на ваков медиум. Онаму пак, каде што живее елитата глетката е комплетно спротивна, исполнета со цветни градини над облаците и раскош. Визуелен аспект кој одлично зборува за разликите во неуспешното утописко општество. Беспрекорноста на ефектите ќе направи тотално да заборавиш дека било што од ова е снимано на зелено платно.

Свежината на серијата ја крепи и слабата застапеност на сајберпанк жанрот надвор од книги, стрипови и игри. Како и за новиот Blade Runner, критика и публиката се повторно на различни страни со мислењето, но сепак се надевам дека жанрот ќе доживее нов бран вон рамките на медумите каде што моментално бележи поголема застапеност. Без разлика дали ја имаш читано книгата или не, Altered Carbon серијата е местото каде што можеш слободно да се обратиш долку имаш потреба од детективска приказна сместена во ваков амбиент.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock