where to buy white mountaineering adidas eqt boost 93 17 white mountaineering x adidas eqt 93 17 boost adidas eqt support adv triple black adidas eqt support adv sub green new adidas eqt adv support will release classic green accented color scheme adidas eqt support adv triple black turbo red adidas eqt support adv triple black releases summer adidas eqt support adv triple black available now adidas eqt support adv sub green available now adidas eqt support adv black turbo red adidas eqt support turbo pack adidas eqt adidas debuts springsummer 2017 eqt collection due january 26th adidas eqt adidas originals eqt black pack adidas eqt support black pack adidas originals eqt black pack adidas adds a new boost sole to the eqt support 9317 adidas eqt support 9317 blackpink adidas eqt support adv cool grey

Четвртата сезона на Blасk Мirrоr


Оригинален напис: Crapwerk на 06-01-2018.

Чарли Брукер ми го скрши срцето. Минатиот јануари Мофат и Гетис, сега Брукер. Во ред. За следната година и да не сум попаметен, веќе останав без двете британски серии што ќефски ми го трошеа времето последниве години. Четвртава сезона на Black Mirror ме оболести. Ќе дочекам ли напредна технологија што ќе може да ми ја здува од сеќавање? До кога сум осуден да живеам со мрзливите петпарачки концепти на Чарли Брукер со кои овој пат ми истроши шест саати?

Види, ниедна од претходните сезони не беше без гревови. Првата можеби го има најдоброто купче на епизоди, меѓутоа во остатокот од серијата наоѓав по една од три што ќе успееше да ме оптеретува и неколку денови со идеите. Другите варираа со квалитетот, ама пак се држеа во некоја задоволителна територија, па макар и само да го јаваа првиот бран на тогаш свежата Black Mirror. Дури и третата сезона, за која многумина беа загрижени поради промената на продукцијата, го задржа препознатливиот непријатен, често дистописки тон, каде што човечките маани доаѓаа во судир со мрачната страна на некаква софистицирана технологија.

Четвртата потфрла на сите страни со млитавите обиди да го емулира истото. Иновативноста е заменета со прегласно потенцираниот шокирачки фактор, уникатните идеи со евтини референци кон актуелната поп-култура  и тропи веќе видени на милион други места претходно. Застрашувачкиот момент на Black Mirror секогаш доаѓал од приземјени концепти, работи кои претежно гравитирале околу некоја поблиска иднина или па некоја друга крајност што неретко содржела некоја социјална критика.

Меѓутоа, кога ќе се обиде да ти фрли големо парче од друг научно-фантастичен универзум во твојата генерална насока, претпоставувајќи дека дели слична публика, изгледа крајно експлоатирачки. Едно е омаж, друго е кога користи такви препознатливи средства со намера да допре до тебе. “USS Calister” можеби и ќе беше забавна епизода доколку се потпреше сама на себе, наместо да се труди да те заведе преку познавањата за Star Trek. Во период кога Discovery и The Orville се толку актуелни, тешко ми е да поверувам дека потегот е случаен. Но, и доколку ја разголиш епизодата од шарените униформи, останува некоја разводенета приказна во која Чарли Брукер ги остварува неговите Wreck-It-Ralph фантазии.

“Arkangel” ми влеа малку доверба дека можеби сепак ќе гледам добра сезона после шашавиот Трекерски почеток, меѓутоа брзо потона во предвидливост и покрај тоа што има речиси класична Black Mirror атмосфера. Епизодата се занимава со родител кој презаштитнички е позициониран кон своето дете, чии постапки му ги следи преку имплант поврзан за таблет кој има и поставки за она што детето може или не може да го види. Но, исто како “USS Calister” страда и од благо среќен крај, нешто што никако не можам го пребродам кога гледам серија од ваков тип. Сакам да ми ја разгори паранојата, а не “добрите” да извојуваат победа. Штета немав таков имплант што ќе ми ги пикселизираше досадните работи што ги гледав во епизодава…
Или сето она што го видов во следната, “Crocodile”. Разбирам дека е логично да се размрда серијата со свежина, макар било и исчекор во потензична трилерска територија, меѓутоа кога ќе се расфрлиш со невешти пресврти само за да понудиш шокантно финале, резултатот е смешен. Технологијата е некако насилно напикана во приказната и нејзиното место во универзумот во кој се случува делува многу неуверливо за да послужи како цврста основа. Освен тоа, имам чувство дека веќе видовме понапредна верзија од истото во “The Entire History of You”. Толку ли беше од креативноста, Чарли Брукер?

“Metalhead” подобро да не ја спомнувам. 40 минутен црно-бел мокар испрдок каде што една жена се обидува да преживее во опустошена иднина додека ја брка куче-робот, очигледно испирирано од оние на Boston Dynamics. Можам да ја сконтам намерата на епизодата, ама реализацијата е комплетно незадоволителна. И, покрај тоа што е најкратката од сите сезонава, толку споро и досадно се тегне што бев приморан да премотам до предвидливиот крај.
Последната, “Black Museum” е збир на неколку кратки приказни, нешто како антологија во антологија, воглавно избилдана од идеи кои сигурен сум дека самиот Брукер ги отпишал како доволно глупави за да не бидат развиени во целосна самостојна епизода. Тажно е кога серија со ваква репутација пробува да ми продаде свесен холограм на електрична столица. Нема потреба да се оди во крајности само за да постигнат стварите за кои Брукер некако се убедил дека палеле кај публикта. А, и не е единствената епизода сезонава која очајно се натпреварува со потресните моменти кои ги содржеле епизодите пред неа.

Од шест епизоди само во четвртата, “Hang the DJ”, најдов нешто занимливо. Повеќе е во духот на “San Junipero” од минатата сезона, каде што среќниот крај е адекватен и логичен, без да прави очајни напори да ти ги преврти цревата и емоциите. Вешто и убаво напишана епизода, единствената чиј крај не направи да се почувствувам измамено. Но, и покрај тоа, целокупниот впечаток од сезоната е разочарувачки. Повеќе наликува на серија која се гњави да биде Black Mirror. Иако форматот дозволува различни експериментирања, пак сметам дека серијата веќе има воспоставено правила кои ако бидуваат пречекорени, резултатот би ја промашил метата. 
Или едноставно, Чарли Брукер веќе нема трикови во торбата кои би можеле да се доближат до очекувањата кои ги создаде. Ретко која серија успева да остане доследна сама на себе после толку време, па можеби и не треба да ме чуди тоа што и Black Mirror ја доживеа оваа судбина. Мали модификации на начинот на раскажување и забиколувањето на експозицијата на идеите секако ќе беа во полза, но можеби едноставно сезоната овој пат беше наменета за публика која си ги сака стварите така малку посоџвакани. 

0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock