where to buy white mountaineering adidas eqt boost 93 17 white mountaineering x adidas eqt 93 17 boost adidas eqt support adv triple black adidas eqt support adv sub green new adidas eqt adv support will release classic green accented color scheme adidas eqt support adv triple black turbo red adidas eqt support adv triple black releases summer adidas eqt support adv triple black available now adidas eqt support adv sub green available now adidas eqt support adv black turbo red adidas eqt support turbo pack adidas eqt adidas debuts springsummer 2017 eqt collection due january 26th adidas eqt adidas originals eqt black pack adidas eqt support black pack adidas originals eqt black pack adidas adds a new boost sole to the eqt support 9317 adidas eqt support 9317 blackpink adidas eqt support adv cool grey

Каде згреши Dark City?


Оригинален напис: Crapwerk на 22-10-2017.

Го гледам Dark City од време на време. Не како порано кога бев симпатично занесен по режисерскиот потенцијал на Алекс Пројас, ама знае удобно да ме замота во ќебе барем еднаш во две години. Последните неколку прегледувања поголема забава наоѓам во претурање низ причините за недоволниот успех на филмот отколку во самиот филм. Долго време го набројував како еден од моите омилени филмови. Dark City наскоро ќе наполни дваесет години, а уште не е исправена таа неправда, па луѓе некогаш ќе те погледнат чудно кога ќе им го спомнеш. 
Разбирам дека е излезен во година со силно конкуретни наслови, можам да го сфатам и стравот на студиото дека материјалот што Пројас оргинално го понудил би бил одбиен од пошироката публика која годината претходно плачела на Titanic, меѓутоа и после сите овие години да е уште толку маргинализиран? Дури и да паѓа во сенка на The Matrix, филм со слична естетика па донекаде и тематски близок, кој е излезен една година подоцна? Мислев дека Dark City ќе доживее некоја судбина како оргиналниот Blade Runner, но не. Еве сме тука и уште не го гледам Dark City низ научно-фантастичните топ листи во мејнстримот.
Приказната е следнава. Џон Мурдок се буди во када во хотелска соба без никакви сеќавања и со очигледно брутално убиена жена во негова непосредна близина. Добива мистериозен телефонски повик кој го советува да се изгуби што поскоро од таму зошто некој доаѓа по него. Набргу филмот те запознава со мистериозните Странци и концептот на град кој додека неговите жители спијат ја менува архитектурата и обликот, за следниот ден да ги дочека истите со нови идентитети и промени за кои не се ни свесни дека воопшто се случуваат. Збор повеќе од ова и сум ти го усрал цел филм.  
Всушност тоа е и првата грешка на студиото. Оргинално филмот, а како таков го имам и првпат гледано, вклучува нарација на почетокот што објаснува клучни моменти од целото ебано дејство. Кога битните пресврти се така соџвакани, нема шанси да ја задржиш тензијата и мистеријата кај публиката. Ова е честа работа што се препишува на слабиот одзив за Dark City, па така Пројас во 2008 нуди Director’s Cut верзија каде што не само што ја трга глупата нарација, туку додава и сцени кои го прават филмот многу побогат и поблизок до оргиналната искасапена верзија. Да, студиото било толку загрижено за презентацијата на идеите на Dark City што некој напорно работел да го упрости филмот до тоа ниво. 
Ја сакам и таа оргинална верзија, но откако е излезен Director’s Cut не сум ја гледал и веројатно никогаш нема пак. Другиот “проблем” е тоа што филмот нема никаква акција за заинтересира и таква публика. The Matrix, на пример, тоа го прави попрагматично. Маскира философски концепти со пукотници, боречка кореографија и Juno Reactor. Dark City е спор neo noir научно-фантастичен трилер кој не ги презентира своите идеи експлицитно, но сепак студиото одлучило дека повремено може да ти принесе лажиче експозиција до уста. Среќа, не е толку страшно за да изгледа шкартно.
При последното прегледување успеав да приметам и колку Руфус Суел е немоќен да го износи ликот на Џон Мурдок целосно. Има лимитирани актерски вештини и мал недостаток на харизма за да може да го долови ликот онака како што е замислен. Дури неговиот лик воопшто не ни бил замислен како водечки, Пројас првенствено го напишал филмот од перспектива на детективот Франк Бампстид кој го глуми Вилијам Хрт, актер кој е класи над Суел и со лик совршен за да превземе главен фокус во една ваква приказна. Но, и тоа е една од оние работи кои претрпеле пертурбација во текот на продукцијата. Кифер Сатерленд е одличен, особено како точка која ги поврзува сите ликови, а и како актер кој го балансира талентот низ цел филм. Сакам да кажам му фали малку Харисон Форд мангуплук на Dark City. Централна фигура која сама по себе ги прави стварите околу уште поинтересни.
Dark City ја имаа барем таа среќа и во 2017 да изгледа пристојно и модерно. Многу малку се потпира на компјутерски генерирани ефекти, а сетовите, особено кога се фино дотерани, траат подолго. Иронично, дел од сетовите на Dark City се искористени и во неговиот најголем кошмар, The Matrix, зошто двата филмови се снимани во истото студио. Клаустрофобичниот темен амбиент кој Пројас го создава, намерно избегнувајќи дефиниција на временскиот перидот во кој се случува, е исто елемент што овие дваесет години не можат да го прегазат. Не е Ридли Скот, но сепак мајсторски умее да изгради проклето грозно место каде што сонцето избегнува да фрли зрак. 
Којзнае. Можеби триесетгодишнината на Dark City ќе ја славиме поинаку. Можеби кога ќе пресушат актуелните идеи некој ќе посегне по ова и ќе го претвори во серија. Има потенцијал. Приказната е феноменална, идеите се бесмрттни, а филмот сепак ужива некаков култен статус кај помала публика за на некој некаде да му текне дека и тука лежи солиден профит. Не би бил најсреќен со ваква иднина, но сепак се сакам да верувам дека можеби еден ден, на било каков начин, Dark City ќе допре до многу поголема публика. Штета е едно вакво мало ремек дело да тоне во заборав.

Види такоѓе:


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock