where to buy white mountaineering adidas eqt boost 93 17 white mountaineering x adidas eqt 93 17 boost adidas eqt support adv triple black adidas eqt support adv sub green new adidas eqt adv support will release classic green accented color scheme adidas eqt support adv triple black turbo red adidas eqt support adv triple black releases summer adidas eqt support adv triple black available now adidas eqt support adv sub green available now adidas eqt support adv black turbo red adidas eqt support turbo pack adidas eqt adidas debuts springsummer 2017 eqt collection due january 26th adidas eqt adidas originals eqt black pack adidas eqt support black pack adidas originals eqt black pack adidas adds a new boost sole to the eqt support 9317 adidas eqt support 9317 blackpink adidas eqt support adv cool grey

За почетокот на Star Trek: Discovery


Оригинален напис: Crapwerk на 03-10-2017.

Толку многу сакав да ми се свиѓа Star Trek: Discovery што ги свртев неколку пати првите три епизоди за да најдам нешто што ќе ме привлече, а да не е само визуелниот спектакл. Иако немав никакви очекувања, малку се надевав дека и во 2017 Star Trek може да биде онаков каков што Џин Роденбери го замислил. Инспиративен, оптимистички и со утописки визии за иднината. Но, не баш. Очигледно Discovery е продукт на своето време, каде што дипломатските потези и етичките квалитети на Пикард се заменети со валкан воен конфликт помеѓу Федерацијата и Клингонците. Форматот на серијата е прилагоден по денешните телевизиски стандарди, но со тоа сум сосема океј.
Најголемиот проблем со Discovery ми е тоа што е повторно со дејствие сместено пред оргиналната серија. Веќе го видовме тоа во Enterprise, а ни Џ.Џ. Абрамс не се прекрши да ја однесе приказната понапред. Star Trek е петнаесетина години надвор од своето природно телевизиско живеалиште и сега кога е пак таму, големото враќање е повторно со чекор наназад. Не ми смета тоа што технологијата изгледа помодерно, ниту освежениот изглед на Клингонците, секако дека не очекувам стиропорни карпи на планетите и шарени сијалички на бродовите, меѓутоа кога веќе визуелниот дел е толку напреден, што беше проблемот приказната да се одвива години после Voyager?

Првите две епизоди едвај ги сварив на првото гледање. При следните процесирања ми се разјасни колку всушност се полни со вулканска логика ако го земеме во предвид современиот пазар и она што според извршните продуценти е Star Trek во денешно време. Џ.Џ. Абрамс ја редефинираше франшизата за нова публика. Без разлика колку старите штребери загризаа, а според бројките профит, имаше и од таму доволно стврднати брадавици за тоа да доживее трилогија, на помладата публика им се понуди еден поинаков, акционен Star Trek облик. Discovery гради баш врз истото, обидувајќи се да задоволи повеќе генерации со различна претстава за Star Trek.

Кога ќе го додадеш и трендот со “замрачена” телевизија и општо моменталниот тон на поп кулутрата денес, идентитетот на Discovery комплетно е оправдан. За тој старошколски дух, ете имаме The Orville, но тоа нека остане тема за некоја следна прилика. Диверзитетот никогаш не бил стран за Star Trek, не ни очекував екипажите на бродовите да бидат фокусирани на нешто друго освен жени и малцинства, но изненадувачки ми е тоа што првпат капетанот на бродот ја нема главната улога. Но, денеска од поп културата се научивме да навиваме за измачени протагонисти со помал статус, така што веројатно и ова е океј.

И, покрај сите овие работи, Discovery изгледа како пропуштена прилика. Да, третата епизода даде ветување дека е можно и во таков гнасен сетинг да се истражува “нов живот и нови цивилизации”, но мислам дека тој календарски лимит што самата приказна го наметнува, ќе ја спречи серијата комплетно да отиде таму каде што не била ниту една друга Star Trek серија до сега. Секако, голем испад нема да ме изненади, но не верувам дека ќе е нешто што би можело да има големо влијание на универзумот изграден со петте серии и десетте филмови претходно. Има еден супер момент за тоа како потребите на војната ја придвижуваат технологијата напред и го собираат научниот крем, па се надевам дека ќе пристапат посериозно кон ова како основа за понатаму.

Третата епизода беше многу повеќе Star Trek од шашавиот пилот, иако претежно изгледаше како омаж на популарна научна-фантастика. Приметив влијанија од Alien, преку Battlestar Galactica, па дури до The Expanse, случајно или не, беа присутни. Единствената нова работа, со скенирањето на здив за идентификација и не беше толку импресивна за да инспирира деца кон наука кои подоцна ќе го менуваат светот, како што нели, тоа ефективно го постигнуваат претходните итерации на Star Trek. Тој момент ми фали, не е доволно само да биде забавно. Има доволно други серии кои го нудат ова што моментално го гледам во Discovery.

Останувам да гледам и понатаму, не сум толку многу разочаран од почетоков за скроз да баталам. Каква и да е во моментов, возбуден сум што воопшто има нова Star Trek серија. Допрва треба да ме запознае и натера да се грижам за ликовите, па и да ме убеди дека грешам во врска со приказната и целиот контекст. Можеби сепак има ‘вистински’ Star Trek некаде под целото ова кој допрва ќе ми биде откриен.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock