Бужаровска: Правната сигурност не смее да се стави во теснопартиски или персонален интерес


Оригинален напис: Правдико на 21-04-2017.

Професорката по кривично право и еден од креаторите на новиот Закон за кривична постапка, д-р Гордана Лажетиќ Бужаровска, е децидна дека непотребно се создаваат правни дилеми со цел да се блокира работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Се работи за масовно прислушување и повреда на човековите права и слободи на огромен број граѓани, за заштита на тесно-партиски интереси и не смееме да се повикуваме на правни стандарди и заштити, само затоа што тоа некому му одговара.Државните органи се тука да нè заштитат како граѓани,а не себеси и во тој контекст не треба да се бара заштита или да се глорифицирааат некои правни стандарди и стандарди, само затоа што тоа некому му одговара.Јавниот интерес треба да ги штити граѓаните“, категорична е професорката.

Таа вели дека работата на СЈО не смее никој да помисли да ја блокира или да ја оневозможи бидејќи со прогласување на нешто недозволено се води  кон минирање на мандатот на оваа институција.

„Се работи за зона која отвора многу прашања, па оттука доказите не смее да се прогласат како недозволиви бидејќи на тоа се однесува мандатот на СЈО. Врховниот суд мислам дека ќе заземе соодветен став бидејќи е врв на пирамидата на судскиот систем и заштита на граѓаните“, додава Бужаровска Лажетиќ.

Според неа, тесноправнички толкувања како снимањето да го правел поединец е неприфатливо, па оттаму правната сгурност не смее да се стави во теснопартиски или персонален интерес

Во однос на тоа дали СЈО има право да поднесува барање за заштита на законитоста до Врховниот суд, што е второто правно прашање за кое треба да одлучува Врховниот суд на општа седница,Бужаровска нема дилеми.

„Ме разочара непознавањето на правните норми. Незнаењето на правото може да биде во полза на некој што е неук, но не и на обвинителството.Точно е дека во Законот за кривична постапка не фигурира СЈО, меѓутоа тоа е на исто ниво со редовното обвинителство,кога станува збор за работи од неговиот мандат“,вели професорката.

Таа  потсетува дека постои посебен член во Законот за судовите,кој вели дека кога барањето е поднесено, а не е е изречно наведено, не може да се одбие само затоа што има правна празнина.

„Во секој момент СЈО може да поднесе БЗЗ.За предмет кој го води и оформило СЈО,а не го презеле, не постои ниту една основа редовното обвинителство да поднесе БЗЗ.Се надевам дека Врховниот суд ќе има доблест да не го урниса правниот систем бидејќи ова го знаат и нашите студенти по право“, категорична е Бужаровска Лажетиќ.

Извор: Макфакс


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock