Слаба фискална реализација на гевгелискиот градоначалник во 2016 година


Оригинален напис: Слободна Македонија на 20-03-2017.

приходигвг

Со наплата на комунална такса од фирмарини во процент од 14,4% во 2016 година градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов инкасирал најмали годишни приходи во основниот буџет во изминатите седум години од својот мандат како реализатор на општинските буџетски приходи.

Освен слабото менаџирање на наплатата на овие давачки од правните субјекти кои ја полнат општинската каса, паѓа во очи и податокот за намалениот број на обврзници за наплата на комунална такса за фирмарина, а тоа се правни лица регистрирани со својата дејност на подрачјето на Општина Гевгелија.
Во 2015 година нивниот број изнесувал 2.235 фирми, а во изминатата 2016 бројот на стопанските субјекти се намалил на 2.139 или за 4,3%.

Низок процент на наплата има и кај комуналната такса за користење  на простор со само 44,47%. И во оваа ставка на комуналии видлив е бројот на намалени обврзници од некогашните 73 во 2015, за 21 помалку, или 51 корисници во 2016 година.
На трето месо по слабиот процент на наплата на комуналиите кои го полнат општинскиот буџет се проходите од наплата на данок на имот. Во 2016 година проценот на наплата на данок на имот изнесува 47,2%.

Сумарно гледано во 2015 година поднесени се решенија за наплата на 51.818.059 денари од комунални такси и данок на имот, а во 2016 година за 8,7% помалку, или номинално 47.311.042 денари. Ова е доказ за слабата финансиска реализација на градонаалникот Франгов во последниот извештаен период. Тоа придонесе капиталните трошоци во основниот буџет за минатата година да изнесуваат само 28%, што е далеку од развојно за една локална самуправа. Ова воедно ја покажува најслабата фискална година на градоначалникот Иван Франгов според податоците искажани во Извештајот за неговата работа за 2016 година.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock