Комплексната и опасна реалност на жените членови на банди во Централна Америка


Оригинален напис: Global Voices на македонски на 20-03-2017.

La presencia de las mujeres en las maras de centroamérica crece y su importancia, tanto dentro como fuera de los grupos es crucial para los procesos de pacificación. En la imagen, una mujer pandillera de El Salvador con los tatuajes que distinguen a los miembros de las maras. Fotografía de The Guardian [seudónimo del autor] publicada en el blog Oriente al Día y usada con autorización.

Фотографија на жена, член на банда во Ел Салвадор, со тетоважи според кои се индентификуваат членовите на банди. Фотографија од „Д Гардијан“ (англ. The Guardian), псевдоним на фотографот, објавена со дозвола на Oriente al Día's blog.

Светот на бандите станува многу посложен кога се истражува од гледна точка на жените кои се инволвирани. Значителен процент од насилствата во Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас (познати како северен триаголник), им се припишува токму на бандите.

Според истражување спроведено од страна на УНИЦЕФ во 2011 година, жените сочинуваат приближно 20% од членовите на бандите, и тоа само во Хондурас. Овие банди, кои имаат огромно влијание во граѓанската војна, која со децении постои во тој регион, често се доживуваат како засолништа од насилство и бездомништво, според кои се дефинирани животите на младите луѓе.

Многу жени веруваат дека членството во некоја банда ги заштитува од секојдневното насилство и ги зајакнува против агресијата која ги опкружува (често извршена од страна на нивните банди). Ел Салвадор е опасна земја за жените. Според Опсерваторијата за насилство од НВО Организација за мир на жените на Салвадор (англ. Violence Observatory of the NGO the Organisation of Salvadoran Women for Peace (ORMUSA)), околу 2521 жена била убиена во последните шест години, во просек по 420 жени годишно. Оваа статистика за жал не се намалува, благодарение на насилството во регионот предизвикано поради трговијата со дрога.

Извештај од НВО „Interpeace“, со наслов „Насилниците и повредените“ (англ. ‘The Violent and the Violated’), ги истакнува факторите кои влијаат, за многу млади луѓе да се приклучат на банда: „Екстремна сиромаштија, сексуално насилство, проблематично детство, напуштање на училиштето, невработеност, лесен пристап до дрога и оружје, и во секој случај, растење во населби опкружени со насилство спроведувано од банди.“

Интернет страницата InSight Crime исто така врши анализа на проблемите со кои се соочуваат жените во овие реони, и го нагласува следново:

A partir de 2012, El Salvador registró la tasa de feminicidios más alta del mundo. Según el ex ministro de seguridad del país, el aumento de los feminicidios coincidió con la creciente incorporación de las mujeres a las pandillas. En Honduras, especialistas en temas de género informaron en 2010 que las novias y las madres de los pandilleros estaban siendo asesinadas cada vez más en actos de venganza.

Уште од 2012 година, во Ел Салвадор бил регистриран најголем процент на убиства на жени во светот, од страна на членови на нивното семејство или членови на банда. Според поранешниот министер за безбедност, зголемувањето на бројот на убиени жени се совпаднал со бројот на жени кои се приклучиле во банда. Специјалисти од областа на родови прашања соопштиле дека во Хондурас во 2010 година сопругите и девојките на членовите на бандите биле убиени како начин на одмазда.

Од нечии девојки до членови на банда

Сиромаштија, насилство и маргинализација се цврсти фактори поради кои мажите и жените стануваат членови на банди. Сепак, насилството од кое страдаат жените е се повеќе нормализирано и прифатено во општеството. Други причини поради кои жените се придружуваат на бандите се љубовни врски со насилни партнери или бидејќи имаат партнер кој веќе е член на банда или бидејќи така се чувствуваат побезбедни од потенцијално силување на улиците.

Во интервју со шпанскиот весник „La Vanguardia“, Лусија Перез, член на Mara Salvatrucha, една од најозлогласените банди во Ел Салвадор, го препознава соодносот на сиромаштијата и насилството кои ја опкружиле додека влегувала во светот на бандите – и како таа морала да ја заслужи почитта во бандата:

Yo me gané el sitio dentro de las filas. Era ruda y valiente. En general, a las mujeres nos toca hacer casi lo mismo que a los hombres: robar, vender drogas, armas, organizar algún secuestro y asesinar, claro […] En el barrio era parte de la rutina, de la forma de socializar, de sobrevivir. A mí nadie me dijo que era bueno o era malo. A los 12 años aprendí a ser una asesina, pensaba que era la mejor forma de defenderte, de ser del grupo fuerte y no del débil.

Станав член на една од бандите. Бев храбра и силна. Во принцип жените мора да ги прават скоро истите работи како и мажите: да крадат, да продаваат дрога и оружје, да организираат киднапирања, и секако, да убиваат… Тоа беше дел од рутината во соседството, како се социјализиравме и преживувавме. Никој никогаш не ни кажа дали тоа е добро или лошо. На дванаесетгодишна возраст научив како да бидам убиец, и мислев дека тоа е најдобриот начин на самоодбрана кај луѓето, дека е подобро да се биде на силната страна отколку на слабата страна.

Приказната на Лусија исто така ни доловува колку е тешко да се излезе од бандата, не само поради нивните кодекси на однесување кои спречуваат заминување, но исто така и поради физичкиот изглед и историјата, кои доаѓаат со членството:

[Yo] estaba tatuada y [con] eso todo el mundo sabe que es por que perteneces a una Mara. [Además…] la policía me había detenido varias veces, y con estos antecedentes nadie te da trabajo. Un día, me encontré que no tenía pañales para mi segunda bebé, que apenas tenía una semana. Le pedí dinero a su papá y éste me obligó a que lo acompañara a asaltar la casa de una anciana y [ahí] nos detuvieron.

Ме тетовираа, и со тоа, сега сите знаат дека си дел од банда. Полицијата ме апсеше повеќепати, и никој нема да ти даде работа кога имаш такво минато. Еден ден, сфатив дека немам повеќе пелени за моето второ дете, кое беше старо само една недела. Го замолив нејзиниот татко да ми даде пари, а тој ме натера да одам со него да ограбиме една старица, и нѐ уапсија.

Во изјава објавена во Oriente al Día blog, кој се фокусира на вести и мислења, учител во второ одделение ги понуди своите гледишта за односот помеѓу младите луѓе и бандите и како тие продираат на различни места. Во дел од овие случаи, девојките стануваат партнерки на членови на бандите и се познати под името jainas (кое претставува шпански сленг за девојка); во други случаи, тие самите стануваат членови на банди:

El reclutamiento de mujeres es primordial en la mara, ya que estas ayudan a esconder droga, recoger la renta e incluso asesinar a miembros de la mara rival […] Las jainas son mucho más peligrosas que las mismas mareras. Nadie puede tocarlas, ni verlas. Ellas tienen que ser leales a su marido para no perder este status dentro de la mara, y la vida.

Регрутирањето жени во банди е од суштинско значење, бидејќи помагаат во продажбата на дрога, го собираат приходот, дури и ги убиваат членовите на ривалската банда… Девојките на членовите на банда, се поопасни отколку жените членови на банда. Никој не смее да ги допре, дури ниту да ги погледне. Тие мораат да бидат лојални на своите сопрузи, за нивните сопрузи да не го изгубат својот статус во бандата, па и во животот.

Почетоците и напуштањето на бандите

Прво, жените кои се надеваат да станат членови на банди, треба да издржат силување од некои или сите членови на бандата. Во поново време, можат да одберат или да ги силуваат или да ги тепаат, исто како и поголемиот дел од нивните машки колеги. Мнозината го избираат второто: според извештајот Interpeace за многумина од нив, преземањето на ударите претставува начин на заслужување на почит и докажување себеси, дека се исто толку силни како и мажите.

Банда не се напушта често, бидејќи членството е доживотно. Андрес Мартинез (Andrés Martinez) во 2009 година, на шпанската новинска интернет страница Soitu.es, пишуваше за поранешен член на банда „Малиот“ (‘Little One’), кој објаснил како влегол во „18-те“ (‘The 18′), која претставува една од најголемите банди во Ел Салвадор, и дека тоа било одлука со која нема враќање назад:

Ingresar en una mara te marca de por vida, y en el caso que nos ocupa de forma literal: un 18 tatuado en su cara le recuerda cada vez que se mira al espejo que hace tiempo tomó una decisión sin marcha atrás […] Hoy se ha convertido en su castigo, en el responsable de que no pueda salir a la calle. […] Si la ve la policía, seguramente la detengan. Si se le ocurriese borrarse el tatuaje, los '18’ podrían sentirse ofendidos, entenderlo como un rechazo a la mara, y eso se castiga.

Приклучувањето на банда те обележува доживотно, буквално: бројот „18“ тетовиран на твоето лице, секој ден, кога и да се погледнеш во огледало, те потсетува на одлуката од која нема враќање назад… Таа станува твоја казна, што значи не можеш да излезеш на улица… Ако те види полицијата, ќе те уапси. Ако одлучиш да ја отстраниш тетоважата, „18-те“ ќе бидат навредени, сфаќајќи го тоа како отфрлање на бандата, и ќе те казнат.

Структурата во бандата може да биде сфатена како еден вид понасилна верзија на секојдневното мачо однесување. Во документарниот филм „Segundos en el aire“ (Seconds in the air) „Секунди во воздухот“ од Универзитетот „Simeón Cañas“ и Универзитетскиот институт за јавно мислење во Ел Салвадор, патријалхалната култура на бандите одекнува во општеството во Ел Салвадор:

Es un grupo de hombres, configurado por hombres, pensado por hombres y diseñado por hombres, en el que las mujeres son minoría cuantitativa, y en el que no existen razones para creer [… están] todos los estereotipos, prejuicios, desbalances y desigualdades entre hombres y mujeres que prevalecen en la patriarcal sociedad salvadoreña […]. De hecho, el machismo de la pandilla es una réplica, en versión micro, del extenso patriarcado salvadoreño.

Тоа е група на мажи, раководена од мажи, планирана и конструирана од мажи. Жените се малцинство, и не постои причина за верување дека не постојат сите стереотипи, предрасуди, неурамнотеженост и нееднаквост, кои преовладуваат во патријархалното општество во Ел Салвадор.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock