Иванов-Орбан: Други држави да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија


Оригинален напис: Meta.mk на 20-03-2017.

ivanov-orban

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Унгарија се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан на кого му изразил благодарност за поддршка што Македонија ја добива од Унгарија во однос на уставното име, за предизвиците од илегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на Тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет.

– За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Нови предвремени избори се единствено исправно решение за излез од политичката криза во Република Македонија – порачал унгарскиот премиер Орбан, соопшти кабинетот на Иванов.

Премиерот Орбан го информирал Иванов дека Унгарија има цврст став против Тиранската платформа и додадал дека стабилноста на ЕУ е невозможна без стабилноста на Република Македонија.

Орбан исто така нагласил дека ЕУ има погрешен пристап кон Република Македонија и дека нашата држава одамна требала да стане членка на ЕУ и НАТО.


0.0000000000000