where to buy white mountaineering adidas eqt boost 93 17 white mountaineering x adidas eqt 93 17 boost adidas eqt support adv triple black adidas eqt support adv sub green new adidas eqt adv support will release classic green accented color scheme adidas eqt support adv triple black turbo red adidas eqt support adv triple black releases summer adidas eqt support adv triple black available now adidas eqt support adv sub green available now adidas eqt support adv black turbo red adidas eqt support turbo pack adidas eqt adidas debuts springsummer 2017 eqt collection due january 26th adidas eqt adidas originals eqt black pack adidas eqt support black pack adidas originals eqt black pack adidas adds a new boost sole to the eqt support 9317 adidas eqt support 9317 blackpink adidas eqt support adv cool grey

Четири тензични шпански трилери


Оригинален напис: Crapwerk на 20-03-2017.

Не сум сигурен колку филмови од шпанско говорно подрајче имам изгледано, ама не се многу. Пред оваа приватна недела на шпански филм што почна со една препорака, можев да набројам барем три. Сега не можам да се сопрам со гледање. Не се сите од Шпанија, некои се од Латинска Америка, ама ќе си дозволам да ги ставам сите во една група зошто не можам да направам разлика помеѓу шпанските дијалекти, така што нека ми простат дежурните полиглоти. Единствена лекција во животов ми бил дел од дискографијата на Cypress Hill, зошто секако нели, не се конформирав со пешаците што гледаа тинејџерски теленовели во средношколските денови и го научија јазикот, ама мислам дека после овие неколку филмови би можел да купам кокаин од сомнителен колумбиец на неговиот мајчин јазик.
Освен јазикот, овие четири филмови имаат и други заеднички својства кои успеаа да ги обединат во еден пост. Повеќе или помалку се порамнети на иста жанровска линија, издишуваат слични непријатни емоции и имаат исклучително тензичен амбиент што те држи на работ од мебелот на кој ти е позициониран газот. Атмосферата кулминира со неочекуван бизарен шокирачки пресврт на средината или на крајот и е главната причина за да не навлегувам во детали што би можеле да ја расипат приказната и доживувањето. Дури и трејлер може да делува спојлерозно, па затоа внимателно. За препораките подолу се потрудив да бидат без ниеден спојлер.

La Cara Oculta е филм на Анди Баиз, тип што е потпишан како режисер на неколку Narcos епизоди. Никогаш не сум ја гледал серијата, свесен сум за нејзината репутација, па веројатно и ја оправдува ако тимот што ја прави е составен од вакви луѓе. Филмот се занимава со мистериозното исчезнување на девојката на млад, богат и распашан дирегент на оркестар кој повремено палката сака да ја мафта и во згодни виолинистки. Добро, Бобо зошто си ваков сељак, зошто? 

Девојката ја нема, а филмот нема ни доволно ликови за да имаш осомничени. На почетокот си во мрак и без никаква идеја за тоа што би можело да се случи со исчезнатата госпоѓица. Но, забавата почнува во моментот кога La Cara Oculta ќе ја сврти перспективата на наративот, ако секако под забава подразбираш урлање кон ликови кои не можат да те слушнат затоа што се ликови во филм, нели. Од тој момент веќе си со испотени раце до самиот крај, кога се прашуваш дали е океј што мислиш дека сите кои се дел од ова си го добија заслуженото.

Слично како со La Cara Oculta и тука исчезнува девојка, поточно исчезнува нејзиното тело од мртовечница. Мотивите и виновникот за убиството се познати од почетокот на филмот, меѓутоа каде и зошто го нема телото, не знаеш до последните десетина минути. Тензијата е толку густа што мислам дека преживеав саат и пол без воопшто да земам воздух, а не па да ја пипнам пицата што ја стокмив пред да го пуштам. Мрачниот, дождлив, пригушен сетинг не помага да се осеќаш подобро.

На моменти, El Cuerpo успева да биде класична whodunit приказна со симпатични ликови за кои навиваш и кога не треба. Додека стигне филмот до “големото откритие”, моралниот компас ти е толку раштрафен што после ти треба некое време тишина за да преиспиташ некои ствари. El Cuerpo блеска и со актерската екипа без која можеби нема ни да е пола добар од што е.

Додека претходните два филмови си поигруваа со некои дилеми кои ги имав околу ликовите и нивните постапки, Mientras Duermes успеа да извади само чиста омраза од мене кон главниот лик. Обично кога филм вака ќе се фокусира на антагонист, очекувам да најдам нешто што ќе ги оправда неговите постапки. Дури и Норман Бејтс можеш да го разбереш ако сакаш. Овој филм не го дозволува тоа. Цезар е еден од најодвратните ликови што воопшто сум ги сретнал во фикција и ќе би одзел сигурно цел пост за да го доловам како што треба.

Mientras Duermes е дефинитивно и мојот омилен од овие четири тука, најмногу поради силниот наплив на емоции што ми го предизвика. Кога видов дека е од истата екипа и режисер на [REC], ми стана јасно. Балагуеро е очигледно мајстор за создавање на тоа грозното во стомак, само што овојпат провокацијата е во форма на психолошки трилер. Бев цел ден видно потресен. Секоја чест и за Луис Тосар и неговиот перформанс, ама ќе го мразам исто како Кајл Меклаклан зошто беше лошиот во The Flintstones филмот.

Измеѓу овој и Mientras Duermes го изгледав El secreto de sus ojos, феноменален филм, но жанровски во малку поинаква насока, па мислам дека тука ми опадна и расположението за ова што е Los ojos de Julia. Концептот е океј, жена која постепено ослепува се обидува да го реши убиството на нејзната сестра близначка и филмот функционира до моментот кога пресвртите ќе почнат да се однесуваат како од сапуница. Сфаќаш? Демек шпански филм? Ах, не е битно…

Актерите се океј, има фаци од El Cuerpo и Lа hаbitаción dе Fеrmаt, режијата е солидна и филмот е стварно убав за гледање, меѓутоа без некои елементи би бил далеку поефективен. Се разбира, вреди за да се спука во некој ваков маратон, ама на некои моменти е напорен од многу погрешни причини.


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock