СДСМ: 612.000 граѓани дадоа поддршка за промени и правда


Оригинален напис: Македонија – А1он на 17-02-2017.

„Над 612.000 луѓе дадоа поддршка за промени, правда и живот.

Македонија оди напред. Заврши времето на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Разбирлив е стравот на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност и од затвори, но на тоа мора да мисли секој кој краде пари на граѓаните и нанесува зло дела.

Никој повеќе за партиски и лични интереси нема да ги става на пазар и во ризик животите на граѓаните и државните интереси на Македонија.

Република Македонија ќе биде правна држава, со квалитетен животен стандард, едно општетство за сите, земја на еднакви граѓани со евро-атлантски перспективи.

Македонија е зрела за нови одговорни политичари со визија и идеја, посветени на реални политики. Демократските процеси се почнати и назад нема“ се вели во соопштението на СДСМ.


0.0000000000000