Пронајдена граната Првата светска војна во Дебреште


Оригинален напис: Meta.mk на 17-02-2017.

mvr-zgrada-3

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75 милиметри, е пронајдена вчера во село Дебреште.

Случајот го пријавил Р.Ш. (46) во Полициското одделение Ропотово. Рекол дека гранатате е пронајдена при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“.

Полициските службеници го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување која безбедно ја подигнала гранатата.


0.0000000000000