Анкара од Германија повлекува шест имами осомничени за шпионажа


Оригинален напис: Правдико на 17-02-2017.

Турската државна агенција за верски прашања „Дијанет“ денеска објави дека од Германија повлекува шест имами поради „надминување на своите ингеренции“, но негира дека тие биле вмешани во шпионски активности по нарачка на Анкара, јави дописникот на МИА од Берлин.

Шефот на агенцијата „Дијанет“, Мехмет Гормез ги отфрла обвинувањата дека турските имами ги прекршиле законите на Германија, поради што германската полиција неделава изврши претрес во просториите каде што тие живеат и работат.

Турските имами се осомничени дека прибирале податоци за приврзаници на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој според Анкара, стои зад неуспешниот обид за воен удар лани во јули, по што ги испраќале на турските власти преку Конзулатот во Келн.

Според Гормез, меѓу имамите кои треба да се вратат во Турција се и четворицата, чии домови ги пребаруваше германсакта полиција, а одлуката за враќање претставува знак на добра волја, со цел „да се одржи взаемната доверба меѓу Германија и Турција“.

Турските власти тврдат дека одлуката за повлекување на имамите е донесена пред претресите на германската полиција, кои, според Анкара, се „резултат на политички и медиумски притисок“.

Со околу 900 џамии во Германија раководи организацијата „Дитиб“, која е под контрола на Владата во Анкараа, имамите кои служат во нив ги именува агенцијата „Дијанет“.

Во текот на викендот за ова прашање во Берлин се очекува да разговараат германската канцеларката Ангела Меркел и турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Извор: Нова Македонија


0.0000000000000
adidas yeezy boost 350 v2 black red 2017 more images adidas yeezy boost 350 v2 blackwhite releases tomorrow how to get adidas yeezy boost 350 pirate black online adidas yeezy boost 350 v2 black white release reminder adidas yeezy 350 boost moonrock release date adidas yeezy boost 350 moonrock nike air max 95 light taupe adidas yeezy boost 350 pirate black restock new images of the adidas yeezy boost 350 moonrock are here adidas yeezy boost 350 moonrock yeezy boost 350 adidas yeezy 350 boost v2 turtle dove toddler yeezy boosts come turtle dove pirate black check adidas yeezy boost 350 turtle dove football cleats store list for adidas yeezy boost 350 tan white adidas yeezy 350 boost adidas yeezy 350 boost low yeezy boost 350 pirate black release details yeezy boost 350 v2 black white adidas yeezy 350 boost turtle dove re release restock