Нов Зеланд: Огнена стихија му се заканува на третиот најголем град


Оригинален напис: Meta.mk на 16-02-2017.

C4xuL9XWMAE4LKV

Стотина пожарникари и десетина авиони се борат со огнот кој се заканува Крајстчерч, трет по големина град во Нов Зеланд. Поради пожарната стихија, евакуирани се повеќе 1.000 луѓе.

Пожарот досега уништил 11 куќи, а локалните власти прогласија состојба на опасност.

Во последните три години во овој регион е забележана голема суша што е причината поради која вегетацијата во околните ридови е лесно запалива.

Огнот брзо се проширил во областа на Порт Хилс и во текот на ноќта зафатил повеќе од 1.800 хектари.


0.0000000000000