Препорачува Архива

Политика на приватност.

Во Политиката на приватност се резимирани различните начини на кои Фондацијата Метаморфозис (во натамошниот текст „Давателот на услуги“, „ние“ или „нашиот“) ги третира информациите што ги обезбедувате при користење на www.ping.mk (во натамошниот текст „веб-сајтот“). Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на Вашите потреби како поединец, и истовремено, да ја заштитиме Вашата приватност.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Можете да пристапите до Политиката на приватност во секое време на http://ping.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме не користете го веб-сајтот. Оваа Политика на приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

Освен Политиката на приватност, Ве молиме прочитајте го и нашиот Договор за користење. Вашето користење на веб-сајтот исто така значи прифаќање на условите од Спогодбата за користење.

Оваа Политика на приватност може повремено да се менува; датумот на најскорешните промени ќе се појавува на оваа страница, затоа правете чести проверки. Вашиот континуиран пристап на веб-сајтот ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Политиката на приватност.

Видови на информации што ги собира веб-сајтот

Веб-сајтот најчесто собира информации кои може да Ве идентификуваат, но со ваше знаење и согласност. За да се стане член на веб-сајтот и да се користат неговите услуги (за гласање и коментирање) нема потреба да се остави адреса за е-пошта. Доколку ја оставите адресата за е-пошта тогаш таа ќе се искористи само во случај да сакате да ја ресетирате лозинката.

Во текот на работата може од вас да бидат побарани други податоци, кои ќе се користат само за конкретната намена за која се собрани. На пример, кога учествувате во обложување или натпревар, пополнувате анкета, или се пријавувате за кој било од нашите сервиси, од Вас се бара да обезбедите информации како што се Вашата адреса на е-пошта, име или телефонски број. Може да бидат побарани и други информации, како на пр. Вашата возраст или пол.

Исто така, нашите сервери може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Вашата IP адреса обично има врска со местото од кое се поврзувате на интернет, како на пр. Вашиот интернет провајдер, Вашата компанија или универзитет.

На кој начин веб-сајтот ги користи информациите што ги обезбедувате

Давателот на услуги го користи Вашето корисничко име и лозинка за да Ви даде пристап до веб-сајтот, и можност за негово користење. Ќе биде искористена Вашата е-адреса, на Ваше барање, за да Ви се испрати копија од Вашето корисничко име и лозинка. Доколку обезбедите информации кои може лично да Ве идентификуваат, истите ќе се искористат за да Ви бидат обезбедени побараните услуги. Ние исто така може да ги искористиме тие информации за да Ве информираме за новите одлики, производи или услуги, и/или да ги подобриме услугите што ги нудиме, приспособувајќи ги на Вашите потреби.

Ние исто така овозможуваме пристап до нашата база на податоци на трети страни кои ни обезбедуваат услуги, како што се техничко одржување или форуми и софтвер за барање на работа, но само за намената и според потребата за обезбедување на тие услуги.

Исто така може да обезбедиме пристап до нашата база на податоци со цел соработка во официјални истраги или законски процедури, на пример во одговор на судски покани, налози за претрес или други судски постапки.

Дополнително, го задржуваме правото да ги користиме информациите што ги собираме за Вашиот компјутер, со кои понекогаш можете да бидете идентификувани, за какви било легални деловни цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на случаи за помагање при дијагностицирањето на проблеми со нашите сервери, да се соберат опсежни демографски информации и на друг начин да се одржува нашиот веб-сајт.

Иако Вашите информации што може лично да Ве идентификуваат како што е наведено погоре, ние го задржуваме правото да ги користиме, пренесуваме, продаваме или да споделуваме агрегирани, анонимни податоци за нашите корисници како група – за која било деловна намена, како на пр. анализа на трендовите на користење и барање на соодветни огласувачи и партнери.

Освен тоа, како што се менува нашата дејност, ние може да купуваме или продаваме разни средства. Во случај сите или дел од средствата што ги поседува или контролира Давателот на услугите, неговата матична компанија или која било подружница или филијала, да бидат продадени, пренесени или преземени од друга компанија, информациите од и/или за корисниците на нашиот веб-сајт може да спаѓаат во тие префрлени средства.

Колачиња

Можеби веќе сте прочитале за „колачиња”, збирки од информации кои еден веб-сајт ги поставува на Вашиот компјутер. Може да користиме колачиња за да го контролираме прикажувањето на реклами, да ги следиме шаблоните на користење на веб-сајтот, да испорачуваме уреднички содржини, и да снимаме информации за регистрација и персонализација. На пример, доколку се регистрирате на кој било дел од веб-сајтот и Ви биде дадена можност да го зачувате Вашето корисничко име и лозинка на Вашиот компјутер, може да Ви обезбедиме ваква погодност со поставување на колаче на Вашиот компјутер. Нашите колачиња може да содржат информации кои може лично да Ве идентификуваат и таквите колачиња може да бидат споделени со нашите филијали и други компании.

Екстерниот бројач Гугл аналитикс и некои од нашите огласувачи исто така повремено може да поставуваат колачиња на Вашиот компјутер. Немаме контрола врз колачињата што ги поставуваат огласувачите.

Исто така, може да користиме продавачи на рекламни услуги за да помогнеме да се презентираат рекламите на веб-сајтот. Овие продавачи може да користат колачиња, веб-бројачи или слични технологии за да Ви испорачуваат реклами прилагодени на Вашите интереси што сте ги искажале преку прелистување на овој или други веб-сајтови што ги имате посетено, за да одредат дали сте виделе одредена реклама претходно и за да не Ви испраќаат двојни реклами. Притоа, овие продавачи може да соберат нелични податоци како што се видот на Вашиот прелистувач, Вашиот оперативен систем, посетените интернет страници, времето на посетите, разгледуваните содржини и огласи, како и други податоци за посети на веб-сајтови. Употребата на колачиња, веб-бројачи или слични технологии од овие продавачи на рекламни услуги подлежи на нивните сопствени политики на приватност, не на нашата, и Давателот на услуги/Метаморфозис не сноси никаква одговорност во врска со тоа. Доколку не сте заинтересирани за придобивките од овие рекламни колачиња, може да се откажете преку посетување на http://www.networkadvertising.org/optout_nonppii.asp.

Политиката на приватност на Гугл аналитикс може да се најде на http://www.google.com/privacy.html.

Доколку не сакате колачиња, Вашиот интернет прелистувач веројатно има опција со која Ви се овозможува да не ги прифатите. Сепак, ако подесите Вашиот прелистувач да одбива колачиња, некои делови од веб-сајтот може да не функционираат соодветно.

Информациска сигурност и известувања

Бидејќи ниту еден пренос на податоци преку интернет не е целосно безбеден, и ниту еден систем за физичка или електронска безбедност не е непробоен, Давателот на услуги не може да ја гарантира безбедноста на информациите кои ни ги испраќате или безбедноста на нашите сервери или бази на податоци, и со користење на веб-сајтот се сложувате да го преземете целиот ризик во врска со информациите што ни се испраќаат или кои ги собираме кога го користите веб-сајтот. Малку е веројатно да се случи безбедноста на Вашите информации кои ги имаме или контролираме да биде загрозена, но во тој случај ќе Ве информираме. Доколку е во ред да ве известиме, може да ви испратиме известување преку е-пошта (доколку ја имаме Вашата е-адреса).

Деца и родители

Веб-сајтот не е наменет за употреба од деца, особено деца на возраст под 13 години. Не е дозволено лице под 13 годишна возраст да обезбедува лични информации или да ги користи нашите области за јавна дискусија, форуми и разговори. Малолетните лица на возраст меѓу 13 и 17 години мора да имаат дозвола од нивните родители или старатели пред да купуваат или да се претплатуваат на овој веб-сајт.

Доколку Вашите деца откријат информации за себе на јавно пристапни области на веб-сајтот, може да добијат непосакувани пораки од други лица. Затоа вие треба да им кажете да не го прават тоа.

Доколку сте загрижени поради активностите на Вашите деца или нивната приватност на нашиот веб-сајт, Ве молиме контактирајте со нашиот координатор за политика на приватност како што е опишано подолу.

Контакт во врска со политика на приватност

Доколку имате какви било прашања за кој било аспект од оваа политика, Ве молиме контактирајте со тимот на Фондацијата Метаморфозис.
 

» 8 октомври 2009 - 03:10   |