„Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат“ - вака сер Тим Бернерс-Ли, таткото на мрежата WWW, се обрати на престижната конференција TЕД.




Анализата на присуство на политика на приватност кај рецензираните македонски веб-сајтови за периодот од април 2008 до февруари 2010 година, кои ги објавува Фондацијата Метаморфозис во рубриката „Веб-сајт на денот“ во дневниот весник „Време“, укажува дека само мал број од нив имаат ваков дел.
Непознати луѓе кои го снимија со мобилен убиството на Неда Солтан за време на иранските протести се наградени со американска награда за новинарство.
